Освен поради физичките причини и топлината на телото, постојат и психички причини зошто некои луѓе спијат со чорапи, а некои не.
Психолозите тврдат дека тоа е така затоа што, телесната температура во текот на ноќта опаѓа, а најниска точка достигнува околу 4 часот наутро.
Постои теорија дека одредени луѓе никако не можат да заспијат, доколку имаат чорапи на нозете, бидејќи им станува премногу топло.
Мислењето на доктор Бранислава Чилиќ од Хрватска е дека, ладните нозе пред спиење се непријатно чуство и не допринесуваат до побрзо заспивање. Многу подобро би се чуствувале кога стапалата би ни биле доволно стоплени. Секое непријатно чуство,како студ, премногу топлина, чуство на загриженост и останатите емоционални пореметувања навечер, допринесуваат до потешко заспивање.
Разлика помеѓу луѓето кои спијат со чорапи и оние кои спијат без нив
Постои теорија дека разликата помеѓу овие два типа на луѓе, се наоѓа во психичкиот дел на личноста.
Луѓето кои спијат со чорапи го прават тоа затоа што им е навистина студено, иако во просторијата не е. Тоа може да биде поврзано со најразлични физички аспекти, како што е дебелината на кожата и бавниот метаболизам. Но, спиењето со чорапи е исто така и одраз на психата. Луѓето кои не можат да заспијат без чорапи, често имаат потреба да бидат заштитени, сакаат да одмараат на удобни места и често настојуваат да воспостават длабоки и интимни врски со луѓето.
Но, оние кои спијат без чорапи, психички гледано се многу независни и заштитнички настроени кон луѓето кои им значат. Нивниот личен простор им значи многу и ќе се дружат со останатите, само доколку се расположени за тоа, но не секогаш. Многу се чесни и искрени. Од физички аспект, ова значи дека имаат брз метаболизам, добра циркулација и дебела кожа.