СТЕ БИЛЕ ВО КОНТАКТ СО ЗАРАЗЕНО ЛИЦЕ? Еве ги чекорите кои треба да ги преземете и што е најважно, КОГА да се тестирате

popara7 ноември, 20203min0
shutterstock_1628740948

Почекајте најмалку четири дена пред тестирањето, така што вирусот ќе има доволно време да се акумулира во вашето тело доколку сте заразени

Ако сте биле во контакт со личност која е позитивна на Ковид-19, веројатно се прашувате што да направите. Бидејќи периодот на инкубација за коронавирус може да трае од два до дури 14 дена, веројатно ќе треба да се самоизолирате, без оглед на тоа дали се чувствувате болни или не.

Секако би било добра идеја да се тестирате за да добиете потврда дали сте навистина заразени. Центрите за контрола и превенција на болести препорачуваат да се тестирате во следниве случаи:

  • имате симптоми на Ковида-19
  • сте биле во близок контакт со заразено лице
  • здравствените работници ве упатија да се тестирате

Лажни негативни тестови

Ако сте биле изложени на вирусот, тешко дека ќе развиете симптоми веднаш – може да потрае и до две недели за да се појават првите знаци на болеста. Најчести симптоми се: висока температура, кашлица, отежнато дишење, замор, болка во мускулите и зглобовите, главоболка, губење на мирис и вкус, затнат нос, повраќање или гадење и дијареја.

Ако се тестирате веднаш откако сте биле изложени на коронавирусот, имајте на ум дека вашиот тест може да биде негативен, без разлика дали сте заразени или не, предупредува експертот за заразни болести Амеш А.Адаjaа, постар научник во Центарот Џонс Хопкинс

Ова е затоа што треба да имате одредено вирусно оптоварување, односно одредена количина на вирус присутна во телото за да може тестот да го открие. Лажен негативен тест може да биде опасен затоа што можете да го ширите вирусот наоколу, дури и без да бидете свесни за тоа.

Ако тестот покаже дека сте позитивни, тогаш треба да се повлечете во самоизолација, но доколку е негативен, бидете внимателни за време на периодот на инкубација, советува Томас Русо, шеф на одделот за инфективни болести на универзитетот Бафало во Њу Јорк.

Студија на Американскиот колеџ за кардиологија покажа дека повеќето луѓе развиваат симптоми околу пет дена откако биле изложени на вирусот и често се заразни два дена пред да развијат симптоми и до еден ден по почетокот на симптомите.

Не брзајте со тестирање!

Центрите за контрола и превенција на болести не издадоа официјални упатства за тоа кога навистина треба да се тестира, а лекарите имаат различни мислења. Затоа, најдобро е да го сторите тоа што го советува вашиот лекар затоа што е најдобро запознаен со вашата здравствена состојба и околности.

Луис Нелсон, претседател на Одделот за итна медицина на Медицинскиот факултет „Рутгерс Њу Џeyерси“, препорачува да почекате за тестирање – сè додека не развиете симптоми.

„Иако во некои случаи не е оптимално да се чекаат симптоми, ова е можеби најпрактичниот одговор“, рече тој за порталот „Превенција“.

Исто така, треба да се консултирате со вашиот лекар за дополнителни совети и препораки. Доколку немате никакви симптоми и сте биле изложени на вирус, Адаjaа препорачува да почекате најмалку четири дена за да се тестирате, така што вирусот има доволно време да се акумулира во вашето тело доколку сте заразени.

Ако добиете позитивен резултат од тестот и не развиете симптоми или негативен резултат, сепак треба да бидете во самоизолација 14 дена откако сте биле изложени, поради периодот на инкубација.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma