Семејството Ѓогани било во пријателски односи со семејството Ражнатовиќ, а Луна и Анастасија биле како сестри.
Таткото на Луна, Гаги Ѓогани во “Задруга 3” дури и ја обвинил Анабела дека е лоша мајка и тврдел дека таа не водела доволно грижа за ќерките Луна и Нина, а потоа открил дека Луна голем дел од тинејџерските години ги поминувала во домот на Ражнатовиќ.
Сепак, дека Анабела и Цеца имале заеднички убави моменти се гледа и по тоа дека додека се дружеле изгледале речиси идентично, имале исти фризури, слично се облекувале и заедно излегувале.
Пред десет години дури и запеале заедно кога Анабела била во ријалити шоуто Фарма, а Цеца влегла како гостинка малку да ги забавува фармерите.