Изјавата дека појадокот треба да се јаде за вечера обично доаѓа како изненадување, што го разбираме, но нема да ви штети ако се обидете.
Според некои нутриционисти и готвачи, ова е концепт што треба да го испробате најмногу за подобар сон. Се разбира, ова подразбира појадок како омлет, а не палачинки или тост со авокадо полно со маснотии и јаглехидрати.
Омлетот, или јајцата, се природен избор на мелатонин – хормон кој ни помага да спиеме, па логично е тоа да биде нашиот идеален последен оброк во денот. Покрај тоа што ќе ви помогне да заспиете побрзо, наводно, ќе спиете поцврсто и подлабоко. Богати се и со аминокиселини, кои исто така се покажаа како идеален помагател во борбата против несоницата, секако – ако толерирате јајца.
Наша препорака е да направите вечера во која ќе комбинирате омлет, зеленчук кој исто така е богат со мелатонин (брокула и аспарагус) и да се подготвите за спиење бидејќи комбинацијата од овие три намирници целосно ќе ве опушти.