Дали знаете што ја уништува убавината на забите?

popara23 јули, 20201min00
zabi

На забите штетно влијаат црвеното вино, кафето, чајот и секако цигарите. За тоа сигурно дека сте свесни, но некои штетни навики поминуваат незабележано. Ова се едни од најраспространетите:

1. Грицкањето мраз–  Природен е и без шеќер, но мразот може да предизвика пукање на забната глеѓ. Со ова се предизвикува иритација на мекото ткиво во внатрешноста на забите и со тоа се создава забоболка.

2.Пирсинг на јазикот–  Kул е , меѓутоа доволно е јасно зошто на јазиот и устата не треба да имате метални украси- ги оштетуваат забите, ги иритираат и непцата кои можат да се воспалат, а може да дојде и до губиток на заби. Освен тоа, устата е поволно место за развој на бактерии, а пирсингот го зголемува ризикот од инфекции.

3.Гумени и други бонбони ( дури и оние за грло)–  Гумените и другите слатки купени во продавница се сомнителни, а оние, купените во аптека се безопасни за забите? Бактерискиот биофилм на забите го претвара остатокот од шеќер во киселина која ја оштетува забната глеѓ. Ако не можете без слатки, јадете ги со поголем оброк, кога се лачи повеќе плунка.

4.Засладени пијалоци ( газирани и негазирани)-  Л именка газиран пијалок содржи до 11 лажици шеќер, а тука се и киселините кои ја оштетуваат глеѓта. Диеталните верзии можеби немаат толку шеќер, но затоа количините на киселини во облик на вештачки засладувачи се многу поголеми. И овошните сокови се опасни, бидејќи со витамините и антиоксидансите содржат и шеќерни адитиви. Купувајте природни сокови или разредете ги со вода.

5.Чипс- Бактериите во устата го разградуваат и скробот од чипсот. Киселината, според тоа може да ја загризат глеѓта долги 20 минути а и подолго, ако парчиња храна се заглавени во забите. Користете забен конец.

6.Отварање предмети со забите– необично, но многу луѓе разни пакувања, па дури и шишиња ги отвараат со забите. Не користете ги забите како алатка, не можете толку едноставно да ги купите како ножици или отварач за шише.

7.Гризење молив– Како и грицкањето мраз, и оваа навика може да предизвика оштетување на забите. Ако веќе имате потреба за џвакање, истото сторете го со гума за џвакање.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag