Иако вообичаено ја критикуваат, корисниците на социјалните мрежи овој пат ја пофалија облеката на Меланија, со која таа направи видео за најмладите на најголемиот христијански празник. Американската прва дама Меланија Трамп секогаш се стреми да изгледа елегантно и рафинирано, дури и кога е во изолација.
Бидејќи традиционалната игра “Тркалање јајце “, која го собира заедно семејството од целата земја на тревникот на Белата куќа, мораше да биде откажана поради пандемија на коронавирус, Меланија изработи видео во кое ја читаше приказната за Малиот зајак. Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп за оваа специјална прилика носеше зелена боја од глава до пети, повторно покажувајќи го својот рафиниран вкус за модата.
Миди фустаните сè уште се пожелно парче во секојдневните стилови, исто како и широките ременици, кои се вратени во полн ек оваа сезона. Може, како Меланија, да комбинирате миди фустани, но и со туники и кошули, на пример, за домашна идила.