Дамките од овошје се минато. Со овие трикови, дамките од овошје и сокови ќе исчезнат!

popara29 мај, 20201min00
218851_fleke-shutter_ls

Дамките кои настануваат од свежо овошје понекогаш се многу тешки за да се отстранат. Дознајте како да ги отстраните во потполност со помош на овие трикови.

Децата, а и возрасните често знаат да ја извалкаат својата облека со овошен сок или со самото овошје, особено во текот на летото кога се актуелни малините, праските, лубеницата, капините итн.

Дамките кои настануваат на облеката од ваквиот тип на овошје можат да бидат доста тешки за отстранување. Но, постојат неколку едноставни трикови кои ќе помогнат целосно да ги отстраните дамките.

Еден начин е да ги отстраните дамките користејќи лимонов сок и алкохолен оцет во размер 1:1. Мешавината ставете ја на памук, нанесете на дамката и оставете неколку минути да отстои а потоа ставете го парчето облека во машина за перење и исперете.

Друг начин е на флеката да ставите сол, да оставите малку да отстои, а потоа, да исперете со ладна вода. После тоа, валканото парче облека, исперете го во топла вода и детергент за перење алишта или во машина.

Уште еден начин да отстраните дамка од овошје е да го натопите исфлеканото место со мешавина од алкохол и вода во однос 3:1.

Опција е и сода бикарбоната, која треба да ја втриете и да ја оставите да делува неколку часа, а потоа парчето облека да го исперете во машина.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma