Дејвид и Викторија Бекам градат подземен тунел за да се заштитат од крадци

popara4 јуни, 20201min00
271757_profimedia0416938962_ff

Познатиот британски пар ги превзеле сите мерки за да го заштитат својот луксузен имот во Костволд, Англија од крадци. Тие поставиле бодликава жица, а британските портали објавуваат дека дошле до нацрт планови според кои Бекамови планираат да изградат и подземен тунел.

Со поставувањето на жицата, парот се нашол на удар од неколку соседи кои сметале дека со тоа го нарушуваат изгледот на целата населба. Сепак имало и такви кои ја разбирале загриженоста на семејството бидејќи сепак безбедноста е најважна.

Преку тунелот кој планираат да го ископаат може да се излезе надвор од вилата, која има 10 соби, директно во гаражата.На тој начин сите безбедно ќе можат да ја напуштат куќата во случај да бидат изложени на било каква опасност.

Тие наводно од месната заедница побарале и сигурносна куќарка за обезбедување бидејќи сакаат нивниот имот, кој вреди 8 милиони долари, да биде под надзор и максимално заштитен. Освен тоа на новиот нацрт наводно се гледало како под гаражата, до кој води тунелот, ќе се изгради и подрум во кој ќе чуваат вино. Дејвид неодамна го прослави својот 46-ти роденден, а Викторија им рекла на пријателите дека не може да верува дека поминале 7 години откако нејзиниот сопруг го одиграл последниот официјален фудбалски натпревар.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma