ДЕЈВИД ОДБИ ДА И ПОМОГНЕ: Очајната Викторија Бекам направи драстичен потег

popara23 јуни, 20201min00
Annotation 2020-06-23 183114

Мора сама да се снајде

Освен за нејзиниот брак со Дејвид Бекам и четирите прекрасни деца, 45-годишната Викторија Бекам е подеднакво горда и на нејзината модна линија која на основаше пред десет години. Меѓутоа, не е тајна дека во последно време бившата ‘Спајсица’ се најде пред финансиска криза, западна во долгови и доживеа губиток од вртоглави 700 милиони. Како би го спасила она што сеуште може да се спаси, Викторија беше приморана да позајми дури 6.5 милиони фунти од непознат маж, пишува Sun.

‘Oчајните времиња бараат уште поочајни мерки’, за наведениот медиум рече финансиски стручњак и додаде дека Викторија, за да го спаси бизнисот, била ‘присилена’ да позајми нешто повеќе од 350 милиони денари. За да ги покрие огромните расходи, таа склопила приватен договор со непознат маж. Меѓутоа, и понатаму ќе има контрола над компанијата.   

‘После толку насобрани долгови, Викторија мора да превземе радикални мерки’, открива изворот. Во последните четири години, Викторија направи долг од 2450 милиони денари, а се ‘шушка’ дека приходите и опаѓаат, а расходите растат уште од 2012 година. Некогаш во се и помагаше сопругот Дејвид Бекам, кој според написите на странските медиуми, на Викторија и позајмил 1400 милиони денари. Меѓутоа, како што се зборува, овој пат не сакал да и помогне, па Викторија била принудена да бара помош на друго место.  

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma