Бројни обожаватели на серијата „Пријатели“ никогаш не се откажале од надеж дека нивните шест омилени ликови ќе се сретнат еднаш и ќе решат да снимат продолжение.
Сепак, ситуацијата со коронавирусот отежна сè, па токму затоа имаше голем број од оние кои беа разочарани затоа што се шпекулира дека продолжението е повторно одложено. Во таа пригода, Дејвид Швимер, познат по улогата на Рос Гелар, проговори и објасни за што точно станува збор, а странските медиуми во моментов пишуваат за тоа.
– Се надеваме дека ќе го снимиме продолжението во август. Поточно, кон средината на август. Но искрено, тоа ќе го сториме кога сè е безбедно заради моменталната состојба (со короната). Секогаш се надеваше дека продолжувањето на шоуто ќе има жива публика, што ја прави целата работа покомплицирана во моментот. Секако, нема да ризикуваме нечие здравје поради работата на новите епизоди – посочи тој и додаде дека со нетрпение очекува повторно да соработува и да се дружи со Лиза, Метју, Мет, Џенифер и Кортни.