Деми Ловато се вери после 5 месеци врска

popara23 јули, 20202min00
lovato

Пејачката објави фотографии на Инстаграм од свршувачката што се случи на плажа, како и прстенот што актерот и го дал, јавува „TeenStar“.

„Кога бев мало девојче, мојот вистински татко ме нарекуваше негов мал партнер – нешто што можеби звучи чудно без неговиот јужен акцент, но на мене ми звучеше сосема логично. „Денес, тој збор има смисла повторно, но од денес, јас сум официјално нечиј партнер“, започна таа.

„Макс, те сакав откако те запознав. Не можам да го опишам тоа чувство на некој што не го искусил, но за среќа ти се чувствуваше исто … Никогаш во животот не сум се чувствувала толку безусловно сакана од некого , со сите моу недостатоци “, продолжи таа.

„Со тебе секогаш можам да бидам своја. Знам дека сакаш јас да бидам најдобрата верзија на себе, затоа прифаќам да се омажам со тебе. Те сакам повеќе отколку што можам да ти опишам и сум возбудена што започнувам живот и семејство со тебе. Те сакам засекогаш, мое бебе. Мојот партнер. Наздравувам за нашата иднина. “, заклучи таа.

Речиси во исто време, Макс на својот профил објави идентични фотографии и љубовна порака до неговата сакана: „Ти си секоја љубовна нумера, секој филм, секој стих, секоја песна, сè за што сум сонувал и повеќе од тоа и мојот животен партнер. Не можам да опишам со зборови колку многу те сакам “.

Шпекулациите за врската меѓу Деми и Макс започнаа на 11 март, кога актерот објави видео во кое пее, а пејачката му остави коментар „за моето срце.“ Макс одговори со емотикони од срциња. Две недели подоцна, Ловато му остави флертувачка порака на фотографијата на Ерихх во која тој не носи маица.

Во април, на Интернет се појави информација дека пејачката се свршила во врската која не траела ниту еден месец. Сепак, анонимни извори блиски до Деми го негираа тоа во тоа време.„Гласините за свршувачката не се вистинити. Врската е сè уште свежа, а Деми и Макс сеуште се запознаваат “, вели изворот.Фактот дека тие не се свршени не значи дека нивната врска е во криза – сосема спротивно.”

„Макс е навистина заљубен во Деми и е целосно фасциниран од неа“, додаде друг извор. „Тој веќе се пресели во нејзиниот стан и сè оди многу добро. Тие постојано се шегуваат и се смеат цел ден, се забавуваат едни со други “, додаде изворот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma