Александра Амброзио (39), една од најубавите манекенки во светот, пред две години ги напушти ангелите на Викторија и со тоа се “пензионираше“. Сепак, поради нејзиниот изглед, никој не би ја нарекол пензионерка ниту би и го придал овој епитет.
Александра ги красеше насловните страни на повеќе од 70 престижни модни списанија, а се уште се нема случено да не биде дел од листите на најубави жени во светот.
А, веројатно никој не би ниту помислил дека убавата Александра долго време имала проблеми со самодовербата, а пред се поради изразените клемпави уши. Поради тоа уште во детството правела естетска операција, а после тоа имала низа на здравствени компликации.