Пејачката Цеца Ражнатович неретко со публиката на социјалните мрежи споделува интимни моменти од својот дом, како ужива со фамилијата и пријателите.
И овој пат, таа објави снимка од куќата во нејзината родна Житораџа, каде беше во посета на родителите.
Тие денес го слават летниот Свети Никола, па направиле свечен ручек и ги собрале своите најблиски.
Цеца ги снимила фотографиите на кој се гледа нејзиниот покоен сопруг Жељко Ражнатович Аркан и нејзините деца.
Следбениците се воодушевија од овие спомени кои го оживуваат најубавиот период на една фамилија.