На своите профили на Инстаграм, холивудскиот актерски пар Џон Траволта и Кели Престон, но и нивната ќерка Ела, објавиле заеднички фотографии со Џет Траволта, синот и братот кој починал пред 12 години за време на семеен одмор на Бахамите.
„Среќен роденден Џети! Те сакаме“, напиша 66-годишниот Џон Траволта, објавувајќи црно-бела фотографија со синот.
Џет Траволта почина во јануари 2009 година на летување на Бахамите кога имаше само 16 години. Додека се бањал во луксузен хотел, Џет претрпел епилептичен напад, при што ја удрил главата во кадата. Џет беше аутистичен, но семејството неволно зборуваше за болеста на нивниот син.
Оваа година тој би го прославил 28-от роденден.