Денес живее во вила од ВРТОГЛАВИ 15 милиони: Погледнете ја куќата во која Меган Маркл го поминала детството

24 август, 2020
megan kukja

Меган Маркл и принцот Хари неодамна се преселија во Санта Барбара, каде купиле нова, прекрасна куќа, а сега се појавија фотографии од домот во кој Меган живеела како дете, и истата сега е на продажба.

Според светските медиуми, куќата во Вудленд Хилс, каде Меган Маркл го поминала детството, се продава на пазарот по цена од 950.000 долари.

Како што се наведува, Меган живеела во двособна куќа со нејзината мајка, татко, брат и сестра.



Првите две години од животот ги поминала таму, сè додека нејзините родители не се развеле, па таа заедно со нејзината мајка се преселиле на друга локација.



Како што пишува „Дејли меил“, тоа бил „најголемиот дом во кој живеела Меган за време на нејзината младост“.

Куќата сега е на продажба, а според странските медиуми, додека поранешниот дом на Меган се продава за 950.000 долари, таа и принцот Хари потрошиле дури 14,7 милиони долари на новата, луксузна вила во која сега живеат.