Десет тивки сигнали кои укажуваат дека на вашето тело му е потребна помош

popara2 јуни, 20202min00
61889695-suha-koza-koza-svrbez

Ако со нашиот организам нешто не е во ред, нашето тело тоа ќе ни го каже. Меѓутоа, неретко се случува тие сигнали да ги игнорираме, па симптомите можат да прераснат во сериозен здравствен проблем. Дознајте кои сигнали ви говорат дека на вашето тело му е потребна помош.

Проблеми со спиење, раздразливост, грчеви во нозете

Ако ве мачат овие проблеми, тогаш вие мора да конзумирате храна богата со магнезиум и калциум, како на пример ленено семе, семки од сончоглед, бадеми, спанаќ, цвекло, сливи и кајсии.

Огромна желба за солена храна

Претставува аларм за инфекција или воспаление некаде во телото, особено ако се работи за воспаление на уринарниот тракт.

Сува кожа

На вашата кожа и е потребен витаминот Е, што значи дека треба да конзумирате повеќе растително масло за јадење, риба и јаткасти плодови.

Огромна желба за слатко

Може да биде знак за исцрпеност на нервниот систем, па на вашето тело да му е потребно повеќе глукоза како би ја одржувало својата енергија. Во моментите кога ќе почуствувате голема желба за слатко, земете малку мед или темна чоколада, како би избегнале други гастроинтестинални проблеми.

Крварење од непцата

Морате да пиете повеќе чај и да конзумирате повеќе овошје, затоа што крварењето од непцата е знак дека имате недостаток на витамин Ц. Богати со овој витамин се лукот, овошјето и зеленчукот.

Сува кожа на лактовите

Укажува на недостаток од витамините А и Ц. Конзумирајте повеќе портокал, кајсии, тиква и морков.

Зголемена желба за морска храна

Укажува на недостаток од јод во организмот.

Огромна желба за кисела храна

На вашиот организам му е потребна храна којашто ќе ја поттикне работата на жолчното ќесе и црниот дроб. Додајте повеќе лимон и брусница во вашата исхрана.

Слаба коса и нокти

Претставува знак за недостаток на витамин Б и калциум во вашиот организам. Конзумирајте повеќе млеко, компир, житарки и цели зрна.

Огромна желба за сирова храна

Ова може да биде показател на проблеми со црниот дроб или гастритисот. Сировата храна ќе ги ублажи грчевите и ќе го смири желудникот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag