Работите на терен, трибините, тениското село, ВИП секторите, просториите за тенисерите, судиите, прес центарот, салите за конференции, дополнителните содржини за посетителите се готови, а вратите за публиката ќе бидат отворени во 9 часот наутро, како и секој ден оваа недела заради ТСС турнирот чија завршница е на програмата од 12 часот (женското финале) и 14 часот ( машкото финале).
По завршните мечови на ТСС Турнирот следува посебен дел од програмата наречен “Ден за деца”.
Во организација на Фондацијата Новак Џоковиќ ќе биде организиран настан каде 80 деца, од кои 40 деца од тениската школа на Новак и 40 деца од претшколската установа Стари Град ќе се забавуваат и играат низ спорт. Целта е подобрување на детската моторика.
Првиот ден ќе го одбележат тениски егзибиции во која ќе учествуваат локални и светски асови. Со Новак на терен ќе излезе поранешната прва светска тенисерка, шампионката Јелена Јанковиќ која заедно со Новак ќе одигра меч со гренд слем слем шампионите, Олга Даниловиќ и Ненад Зимоњиќ. Модератор ќе биде Андрија Милошевиќ што гарантира одлична забава.