Британката Стефи Рокс (37) многу го сака својот тригодишен син Ромео. Толку многу што му простува сè.
Бидејќи Ромео не ги знае границите на однесување, тој го испитува теренот од недела во недела и ги поместува на незамисливи нивоа. Како сега.
Мајката била во градината оставајќи го Ромео во собата со кучето, а кога се вратила пронашла катастрофа во собата.
Ромео ја истури целата овесна каша, чипсот, па дури и пастата за заби, уништувајќи дел од мебелот поради играта.
Мајката само се смеела на сето тоа и ја вклучила камерата за да го фати и да собере што повеќе лајкови на неговите идеи во играта.