ДЕН 1:
Појадок – смути од јагоди, грст бејби спанаќ и рендан ѓумбир со додаток млеко.
Ручек и вечера- супа од морков и магдонос. Две порции.
Потребни состојки: половина кромид, 250 гр моркови, 1 чешне лук, сецкан магдонос, ловоров лист по желба.
Подготовка: испржете го кромидот во малку масло. Додадете морков и лук, и гответе на тивок оган. Додадете вода и зачини.
На самиот крај и ловоров лист.
ДЕН 2:
Појадок – чаша 2дл неутрален јогурт со помалку маснотии, со 150гр бобинки. По желба една чажица мед. Може да додадете и неколку семки од сончоглед.
Ручек – зелена салата во комбинација со печена црвена пиперка, зачинета со чери домати и краставици. Послужете со добро исцедена скуша зачинета со маслиново масло.
Вечера – 150гр шпагети, со 125 гр мелено говедско месо и 150 гр сос од домати.
ДЕН 3:
Појадок – тост со пире од банана во комбинација со млеко со ниска масленост.
Ручек – 75 гр сецкано моцарела сирење, 150 гр домат во комбинација со ситно исецкани лисја од босилек. Послужете со ржан леб и две помали агруми.
Вечера – лосос на скара околу 130 гр во комбинација со компир приготвен на пареа, зачинет со лажица путер.
ДЕН 4:
Појадок – Јајца со печурки подготвени во маслиново масло. Една банана.
Ручек – Супа од зеленчук 300g и едно парче пита. Едно јаболко.
Вечера – пилешки гради без кожа печени во рерна на пареа. Незачинета салата.