Детоксикација на кожата – што е тоа?

popara14 јуни, 20201min00
5_ways_to_detox_your_skin_gettyimages-635924356

Од научна гледна точка, овој термин не значи ништо, вели дерматологот Кенет Хоу. Техничкото значење на зборот “детоксикација” претставува отстранување на токсини, а органите во телото, како што се бубрезите и црниот дроб, тоа го прават самите.

Детоксот може да вклучува пилинг на кожата, како би се отстраниле насобраните мртви ќелии и остатоците од шминка. Но, исто така, постои и група на луѓе, коишто прават детоксикација преку внесување на одредени намирници, кои во себе содржат помала количина на рефиниран шеќер, кофеин и слично.

Но, што е тогаш со производите за нега на кожа, коишто тврдат дека прават детоксикација?

Според зборовите на доктор Хоу, терминот “детокс” се користи, во глобала, поради својата популарност, но кога станува збор за производите за детоксикација на кожата, тие не можат да ја вршат таа улога, затоа што кожата сама по себе, нема способност да ги отстранува токсините од организмот. Кога се работи за антиоксидантните креми, тие всушност, само ја намалуваат штетата, но технички, не прават детоксикација.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma