Девојката која успеала да ослабне цели 30 килограми: Дознајте во што е тајната на брзото слабеење

popara2 јуни, 20202min00
high-carb-hannah-lekker-leven

Хана започнала со првата диета кога имала само 12 години. Со оглед на тоа дека не знаела како функционира процесот на здраво губење килограми, се обидувала да јаде што помалку во текот на денот. Килограмите ги губела, но набрзо потоа истите се враќале, што претставувало огромна фрустрација.

Во текот на битката со вишокот килограми, Хана успеала да ја пронајде идеалната диета за себе, со чијашто помош успеала да ослабне цели 30 килограми! На својот YouTube канал, High Carb Hannah, таа ја сподели својата приказна за процесот на слабеење низ кој поминала.

Како прво, Хана е веганка. Кога во 2014та година го започнала својот пат, во тренд биле вегански диети на база на сирови намирници, кои воопшто немале смисла.

Младата Американка набрзо ги “открила” јаглехидратите. Сфатила дека не е личност којашто може да гладува и дека  може да се придржува до одреден режим на исхрана, само доколку е постојано сита.

Токму затоа, во секојдневните оброци почнала да додава варен компир и ориз, но и многу зеленчук, којшто е богат со диетални влакна.

 Зелениот лиснат зеленчук е нејзиниот трик за побрзо губење на килограмите. Спанаќот започнала да го додава во појадокот, најчесто при подготовката на смути, а варената брокула, подготвена на пареа, ја додавала во ручекот или вечерата. Во секој оброк имало по нешто “зелено” , без разлика дали станува збор за обична салата или намирница подготвена на пареа.

На овој начин, Хана успеала да изгуби 30 килограми за една година. Секако, покрај урамнотежената исхрана, била вклучена и физичка активност. Најпрво започнала со долги прошетки, а потоа и со малку потешки вежби. Денес, вежба јога секојдневно, а посетува и теретана, најмалку 3 пати во неделата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag