Оваа диета диктира точно како да јадете секој ден во неделата, и вака изгледа.
Понеделник
Појадок: банана, портокал, чаша исцеден сок од портокал
Ужина: исцеден сок од портокал и еден тост.
Ручек: 100 грама варена бела риба, 100 грама салата од сиров зеленчук по ваш избор (за салата можете да користите храна богата со растителни влакна за да го забрзате варењето)
Вечера: Исто како и ручекот
Пред спиење: чаша исцеден сок од портокал и еден тост
Вторник
Појадок: едно меко варено јајце, чаша сок од јаболко
Ужина: 1 парче тост, чаша сок од јаболко
Ручек: 100 грама варено месо, 2 варени компири и 4 листови од зелена салата
Вечера: 200 грама варена риба, тврдо варено јајце, зелена салата, грашок
Пред спиење: една чаша сок од јаболко и тост
Среда
Појадок: една чаша обезмастено млеко и едно парче тост
Ужина: 100 грама сирење со мала масленост
Ручек: 100 грама ориз, 150 грама свежа зелка, 1 исцеден лимон и 1 лажичка сецкан магдонос.
Вечера: 100 грама варено месо, четири листови зелена салата и јаболко.
Пред спиење: чаша сок од јаболко и парче тост
Четврток
Појадок: Чаша сок од ананас, 60 грама свеж ананас
Ужина: 1 чаша сок од ананас и тост
Ручек: 100 грама варено месо, мало парче сирење и еден портокал.
Вечера: 2 варени компири, 150 грама свежо рендана салата од морков со малку сончоглед или маслиново масло.
Пред спиење: чаша сок од ананас и тост
Петок
Појадок: чаша сок од јаболко и еден тост
Ужина: 1 јаболко и портокал
Ручек: 150 грама варена риба и 2 варени моркови
Вечера: Супа од зеленчук и малку леб или тост (наместо супа од зеленчук можете да направите супа од печурки)
Пред спиење: чаша сок од портокал и тост
Сабота
Појадок: чаша сок од јаболко, парче тост
Ужина: 150 грама варена салата од репка со малку растително масло
Ручек: чинија супа од зеленчук, печурки или риба со парче леб
Вечера: 100 грама пржени печурки и 100 грама салата од суров зеленчук по желба
Пред спиење: чаша сок од јаболко и 2 бисквити со путер
Недела
Појадок: една банана и малку суво грозје
Ужина: чаша сок од морков и тост
Ручек: 100 грама печено месо, 100 грама свежа зелка , зелен кромид и сок од еден лимон
Вечера: една чинија свеж зеленчук, риба или супа од печурки, 100 грама овошје по желба и четири листови зелена салата
Пред спиење: чаша сок од јаболко и две суви смокви