
Со помош на оваа тридневна диета можете да изгубите два до три килограми.
Нутриционистите советуваат пред почетокот на оваа диета да набавите природен мед со проверен квалитет.
Покрај препорачаните оброци, задолжително е секојдневно да јадете барем половина лимон, а медот во храната да го додавате со пластична или дрвена лажица, никако со метална.
Прв ден
Појадок:
– 2 ровки жолчки помешани со лажица мед
– Со оброкот пијте чај со лимон или кафе (без шеќер)
Ручек:
– 100 грама сирење, 50 грама варен морков, 50 грама варена брокула, 50 грама варен карфиол изматете во блендер за да направите крем
Со оброкот пијте чај или кафе со 1 лажичка мед
Вечера:
– Шолја бистра супа од зеленчук, парче интегрален леб и 1 јаболка/круша/портокал
– Пред да одите на спиење, испијте чај со лимон

Втор ден
Појадок:
– Ист како првиот ден
Ручек:
– Направете крем од едно меко сварено јајце, лажица мед и 100 грама младо сирење.
– Со оброкот пијте чај со лимон или кафе.
Вечера:
– 150 грама риба или пилешко филе, мала чинија салата од зеленчук
– Чај со лимон

Трет ден
Појадок:
– Ист како првиот ден + едно јаболко
Ручек:
50 грама сирење, парче ‘ржан леб и чинија свеж зеленчук со лимонов сок.
Вечера:
300 грама варен зеленчук, едно меко сварено јајце и шолја чај со лажичка мед.