Човечкото тело е составено од 50% до 60% вода, во зависност од полот и возраста. Секоја дополнителна вода во телото се смета за вишок. Ако се чувствувате отечено, тоа може да биде знак дека имате вишок вода во вашето тело. Иако посериозните количини на задржување на водата можат да бидат симптом на хронична состојба, благ оток и надуеност може да се решат со некои едноставни промени во животниот стил, пишува „Инсајдер“.
Обрни внимание на внесот на јаглени хидрати
Меѓутоа, за да ги нахрани мускулите, гликогенот прво мора да се поврзе со вода. Истражувањата покажуваат дека секој грам гликоген во вашето тело врзува три до четири грама вода и таа вода додава неколку килограми на вкупната тежина.
Обрнете внимание на внесот на натриум
Еден од најголемите фактори што може да ја зголеми количината на вода во организмот е внесувањето сол. Премногу сол во вашето тело може да резултира во моментално задржување на водата, бидејќи телото мора да одржува рамнотежа на натриум и вода за да функционира правилно. Колку повеќе сол во вашето тело, толку повеќе вода ќе има. За да ја намалите количината на вода, намалете го внесувањето храна што содржи висок процент на натриум или сол. Солта најмногу се наоѓа во преработена храна, како што се чипс или пржена храна. Со промени во исхраната, можно е да се изгубат 5-10 килограми чиста водена маса, но овие бројки зависат од личноста.
Пијте повеќе вода
Друга голема и конструктивна промена во животниот стил што можете да направите е да пиете повеќе вода. „Пиењето вода може да им помогне на бубрезите да испуштат натриум“, вели Ризо. Како што беше претходно опишано, помалку натриум доведува до помалку задржување на водата. – Сепак, важно е да се фокусирате на исхраната додека пиете повеќе вода, затоа што ако само пиете повеќе вода, нема да постигнете големи резултати. Само делумно ќе ја елиминирате лошата диета – вели Ризо.