Сопругата на принцот Хари, Меган Маркл, напиша дневник за нејзиниот живот во британскиот кралски двор. Книгата може да стане успешна, тврди извор запознаен со ситуацијата.
Меган Маркл во дневникот најверојатно го опишала своето патување од американска актерка до член на британското кралско семејство, а кралскиот биограф Ендру Мортон, кој напиша книга за принцезата Дајана, но и за Меган, вели дека книгата заснована на дневникот на Меган ќе даде целосна слика, пренесува The Sun.
Мортон рече дека Меган Маркл добро пишува и користи убави фрази, за што најверојатно се должи на фактот што студирала англиски јазик.
Мемоарите засновани на нејзиното патување од актерка до благородничка, ќе и дадат можност на Меган Маркл да ја раскаже приказната на свој начин.
Како што се наведува, пишувањето е страст на Меган и се верува дека еден ден дневникот ќе биде испечатен и ќе се најде во продажба.
Пријател на Меган Маркл, кој инсистираше на анонимност, вели дека очајно сака да ја отстрани сликата за себеси како тешка дива која се стреми кон слава и моќ и е непријатна кон персоналот и другите.