Снимањето на продолжетокот од серијата “Јужни ветар” треба да започне на крајот од месец Јули, а потоа повторно ќе ја гледаме истоимената серија крај малите екрани.
Режисерот Милош Аврамовиќ открива дека како во филмот, така и во серијата ќе имаме можност да видиме многу нови ликови. Наводно, некои од нив ќе бидат Слобода Мичаловиќ и Наташа Нинковиќ.
Аврамовиќ открива дека имал прилика да соработува со споменатите актерки и дека тие веќе долго време се познаваат. Заедно ја снимале серијата “Сенки над Балканот”, но Милош тогаш бил во улога на продуцент. Бидејќи денес е главно и одговорно лице за најпопуларниот серијал во моментов, “Јужни ветар”, Аврамовиќ со задоволство би сакал да склучи повторна соработка. Дури размислува дека за нив би можел да напише сосема нови улоги, какви што не играле досега. Можеби, Слобода Мичаловиќ ќе ја видиме на чело на нова мафијашка група, чијашто цел ќе и биде да ги порази Мараш и неговите следбеници.