Додека Бред и се закануваше дека ќе ја стави во затвор, се случи неочекуван пресврт! Сега размислуваат за нова опција, да се смират?!

popara5 ноември, 20201min0
angelina-2-e1594108287949

Се чини дека никогаш нема да заврши сапуницата во која се наоѓаат Анџелина и Пит последните четири години. Во последните неколку недели можевме да прочитаме дека Бред отворено и рече на Анџелина во една од последните тужби дека ќе ја стави зад решетки ако продолжи да го малтретира.

Потоа му беше дадено еднакво старателство над нивните три биолошки деца, кое беше доволно за да го охрабри да продолжи да бара еднакво старателство над посвоените деца.

Но, како што пишуваат медиумите, сега во оваа приказна се случи неочекуван пресврт на настаните. Според извештаите на медиумите, завојуваните поранешни партнери поминуваат се повеќе време заедно, од неодамна. Анџелина очигледно решила малку да се смири откако Бред ‘тресна со тупаница на масата’, но и откако раскина со германската манекенка Никол Потуралски. Информиран извор, откри дека Бред Пит бил виден во посета на Анџелина во нејзиниот дом во Лос Анџелес минатата недела. Инсајдерот кажал дека не било тешко да се забележат Бред Пит и неговиот бел спортски автомобил Тесла пред вилата на Анџелина.

Бред очигледно се обидува да го среди односот со Анџелина и сака мир со неговата поранешна сопруга поради нивните деца. „Тој сè уште очајно сака да го запре целиот тој пекол низ кој поминуваат, иако гледањето на Анџелина, за него е вистинска болка“, сподели инсајдерот.

За Бред Пит се вели дека е на добар пат и дека се однесува како позрела личност затоа што сака работите конечно да се решат со Анџелина, особено затоа што сега сфаќа дека ќе мора да бидат во контакт до крајот на животот поради децата. Ова не е навистина изненадување затоа што модерното време довело до појава на ‘co-parenting’, форма на воспитување на дете во која родителите не се обврзани на меѓусебна љубов, туку само на желба за деца. Всушност, многу славни и обични парови го практикуваат ова со години и тоа доста успешно. Тоа значи дека две лица пристапуваат кон воспитувањето на детето како да е некаков деловен договор, што значи дека разговараат за своите права и обврски кон детето, но во исто време нема никаква емотивна обврска меѓу партнерите.

‘Облик на воспитување е исто така кога луѓето продолжуваат да се грижат подеднакво за детето и по разводот, но во последно време, поточно со развојот на Интернетот, им ги отвори вратите на сите оние луѓе кои копнеат по деца, но едноставно не ја најдоа правата личност со која треба да се впуштат во таа авантура. Тие се одлучуваат за уште поекстремна авантура: отворање профили на специјализирани социјални мрежи кои функционираат како страници за запознавање преку Интернет, само во овој случај не барате сродна душа, туку личност која сака да воспитува дете со вас. Популарноста на овие страници расте секој ден, и тие се најпопуларни во големите урбани средини – на прво место е Њујорк, потоа Л.А. и Лондон. Врските функционираат така како што ќе се договараат партнерите: некои од нив живеат заедно, други го делат старателството според договорените правила на суд. Иако на страницата се огласуваат и хомосексуалци кои сакаат да станат родители, сепак поголем процент на корисници се хетеросексуалци – тие сметаат дека полека им „протекува“ времето и попрво би решиле да станат родители на овој начин, отколку да чекаат вистинска љубов која можеби никогаш нема да се случи’.

Бред јасно сфати дека ‘co-parenting’ е единствената опција што му преостанува, а Анџелина се чини дека е сè поблизу до ваквиот став бидејќи на крајот го пушти во својот дом. На крајот на краиштата, нивната тужба за развод трае веќе четири години и се предвидува дека ќе биде една од најскапите борби за старателство во историјата на Холивуд. Сепак, Анџелина инсистира на целосно старателство над нејзините деца, и посвоени и биолошки, и таа се согласува на старателство во форма на 50/50% само доколку Бред се согласи дека таа и децата можат да се преселуват во Велика Британија. Како и да е, ова ги комплицира работите, но приватните посети на Бред и Анџелина секако се добар начин парот да ги среди работите меѓу себе.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma