Докажува дека е одличен татко: Бредли Купер на прошетка во Њујорк со ќеркичката Леа!

popara13 јануари, 20201min00
BC

Откако неговиот колега Бред Пит јавно му се заблагодари за помошта при одвикнување од алкохолот, холивудскиот актер и режисер Бредли Купер на улиците на Њујорк беше забележан како ја шета својата малечка, двегодишна Леа.

Минатата година славниот холивудски актер и режисер Бредли Купер ја прекина четиригодишната врска со руската манекенка Ирина Шајк, а секој слободен момент го поминува со својата двегодишна ќерка Леа, со која уживаше на улиците во Њујорк овој викенд. По раскинување на врската, манекенката и Бредли постигнаа договор за правната и физичката грижа на нивната двегодишна ќерка, која планираат да ја одгледуваат во Њујорк.

Договорот на поранешните партнери беше постигнат со пријателски однос, така што 44-годишниот Купер и 33-годишната Шајк наводно немаат никаков писмен договор.

Неговото појавување во јавноста се случи откако неговиот колега Бред Пит, на неодамнешното доделување на награди на National Board Of Review, јавно му се заблагодари за помошта за одвикнување од алкохолот.

„Благодарам Бредли. Бредли штотуку ја остави својата ќерка да спие и се упати кон овој собир. Морам да истакнам дека денес сум трезен само заради него. Оттогаш, секој ден сум сѐ посреќен. Тој е вистински пријател и душа од човек. Те сакам и ти благодарам повторно “, му се обрати Бред Пит во емотивниот говор.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma