Долг пат од “спајс” до модно гуру: жената без насмевка чиј стил воодушевува!

popara21 мај, 20204min00
bekam

Поранешната членка на Spice Girls а денеска сопруга, мајка на четири деца и признаена британска дизајнерка, својот личен стил го довела до совршенство. Како креаторка создала линија на облека која означува минимализам, но во исто време и женственост и шик кои потсетуваат на седумдесеттите години од минатиот век. Во фокусот на моделите на Викторија се оделата, а нивниот избор и начин на кои и самата ги носи оставаат без здив.

Покрај оделата во кои Викторија изгледа гламурозно, нејзин препознатлив стил се и комбинациите од панталони со висок струк и бели кошули, кои ги комбинира со високи потпетици, најчесто во контрастна силна боја.

На себе никогаш нема премногу аксесоари. најчесто тие се сведени само на часовник или дискретно ланче, а шминката и фризурата и се секогаш совршени, но на начин на којшто изгледаат природно и ненападно.

Со сигурност може да се каже дека Викторија Бекам поминала долг пат од Пош Спајс до светска стилска икона и дизајнерка на чии ревии во прв ред седи дури и Ана Винтур.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag