Долго време го исчекуваа ова: Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ја споделија среќната вест

popara18 јуни, 20201min00
william-kate-gettyimages-1210304924

Пандемијата од Коронавирусот го парализираше светот повеќе од два месеци, а со тоа и најважното споредно прашање – фудбалот. Стадионите беа затворени, а натпреварите во Европската лига на шампиони не се одржуваа дури 100 дена, така што навивачите на овој спорт не можеа да уживаат во тоа преку малите екрани, дури и за време на долгите денови и ноќи во “изолацијата”. Но, на задоволство на многумина, тоа сега се смени. Натпреварите се играат повторно, а Војводата од Кембриџ, 37-годишниот принц Вилијам, и една година постарата Кејт Мидлтон, го споделија својот ентузијазам за тоа на Инстаграм.

  • „Толку е добро што фудбалот се врати, навистина ни недостасуваше! Благодарам на сите што се одговорни за ова, за нивната одлична работа“ – напишаа војводите.

Потсетуваме, принцот Вилијам е голем љубител на фудбалот, а љубовта му ја пренесе и на неговиот најстар син, шестгодишниот принц Џорџ. Момчето веќе стана еден од најстрасните љубители на клубот Астон Вила, каде игра и фудбалерот Ловре Калиниќ. Пред пандемијата, малиот принц често одел на натпревари со неговиот татко, така што веста за враќање на фудбалот, сигурно го направила многу среќен.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag