Кога еднаш ќе ги пробате, ќе посакате да ги правите секој ден
Овие погачи се идеална закуска за забави и собири. Рецептот е многу едноставен и брз, а резултатот веројатно ќе ве воодушеви.
Состојки:
1кг брашно
1 квасец
250мл млеко
150мл вода
180мл јогурт
2 мали лажички сол
1 голема лажица шеќер
3 јајца
50мл масло
500гр чварки
Подготовка:
Ставете го квасецот во млако млеко во кое претходно сте измешале две лажички шеќер и малку брашно. Просејте го брашно, ставете сол, подигнатиот квасец и млекото.
Замесете меко тесто, па оставете да нарасне. Чварките треба да се измелат, да се додаде 1 јајце и малку сол и да се измеша добро.
Истенчете го подигнатото тесто и премачкајте со мелени чварки. Преклопете го тестото како писмо и оставете го да одмори. Оваа постапка треба да се повтори уште два пати.
После тоа, раширете го тестото и вадете погачи, наредете ги во плех за печење. Погачите премачкајте ги со јајце и посипете ги со сусам или ким. Печете во загреана рерна додека не поруменат.