ДОНЕЛА ДРАСТИЧНА ОДЛУКА – Лутата Џенифер оди под нож заради Бред

popara8 јуни, 20201min00
imageedit_187_6027081221

Гласините за обновената романса на актерскиот пар Џенифер Анистон и Бред Пит не престануваат да се шират. Откако се сретнаа на овогодинешните Golden Globes награди, кружат приказни за нивната врска.

Меѓутоа, во последно време во приказната се најде и Алиа Шаукет, за која многумина велат дека новата љубов на актерот. Со оглед на тоа дека Џенифер има искуство со љубовните триаголници, целата ситуација сигурно нималку не ѝ се допаѓа, па се одлучила да му се одмазди на Бред.

Според магазинот National Enquirer, оваа атрактивна 51-годишна ќе отиде под нож и ќе направи тотален „мејковер“ за да го направи Бред љубоморен. За да му покаже што губи кога ја одбрал помладата Алија, Џенифер исто така се одлучила да се „подмлади и дотера“. Малку ботокс, филери, ласер…од сѐ по малку. Таа наводно сака да се среди од глава до пети, вели близок извор на главната „Пријателка“.

Сѐ започна кога по светските медиуми кружеше дека Бред и Џен сепак не се заедно, а тој се почесто се појавуваше во друштво на Алија. Да биде сѐ полошо, иако тој тврди дека се само пријатели, се „шушка“ дека глумицата често преспива кај него.

Сето ова ја вознемирува Анистон, која веќе еднаш беше оставена на цедило од страна на Бред – кога тој ја измами со Анџелина Џоли, со која тој подоцна се ожени.

  • „Бред ѝ даде надеж на Џен дека нивната љубов може да биде обновена, но потоа се зближи со Алија Шоукет. Тоа влијаеше на нејзината самодоверба, но таа одлучи дека нема да седи со скрстени раце. Сака да му покаже на Бред што губи – а најдобар начин за тоа е да се дотера себеси како никогаш досега.“ – заклучува изворот.

Да се потсетиме дека парот беше во брак од 2000-та до 2005 година кога нивната љубов заврши заради Анџелина Џоли, која глумецот ја запозна на сетот на „Mr. and Mrs. Smith“. Парот ги обнови добрите односи во последно време, и требаше тие да објават за врската на Златните Глобуси, но тоа не се случи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag