Дознајте дали припаѓате во ризична група. 10 начини како да спречите вагинална габична инфекција

popara7 јуни, 20201min00
ѕиуиху

Постојат голем број на причини кои можат да влијаат на развој на вагинална габична инфекција, а понекогаш и контрацептивната пилула го зголемува ризикот. Кандида е габа која живее насекаде, а нејзино природно живеалиште е човечкото тело. Имунолошкиот состав ја спречува да се размножува неконтролирано. Меѓутоа, кога тоа ќе се случи, се јавува габична инфекција. Што и да го вознемири балансот на бактерии и габи во вагината, е потенцијална причина за габична инфекција. На пример, антибиотиците убиваат лоши бактерии, но можат да ги уништат и добрите што ја одржуваат вашата вагина здрава.

1. Носете квалитетна долна облека. Памукот е најдобриот избор, не задржува влага и топлина, што габите го сакаат.

2. Не носете тесна облека. Осигурете се дека панталоните, долна облека или хеланки за тренинг се доволно широки, во спротивно температурата и влажноста на вашето тело може да се зголемат и со тоа да ги зголемат шансите за развој на габична инфекција.

3. Не плакнете ја вагината. Производите за миење на интимните делови на телото можат да го нарушат балансот на бактериите во вагината, уништувајќи ги добрите што постојат за да се борат со инфекциите.

4. Не користете миризливи производи. Ова се однесува на бањи, сапуни, спрејови, тампони и санитарни влошки.

5. Избегнувајте многу топли бањи. Топлината и влагата никогаш не се добри за здравјето на вашата вагина.

6. Променете ја влажната облека. Не останувајте по тренинг во теретана или пливање во базен, туку веднаш облечете сува облека.

7. После туширање, секогаш избришете ја со крпа од напред кон назад.

8. Менувајте ги влошките или тампоните редовно за време на менструацијата.

9. Контролирајте го вашиот дијабетес. Внимавајте на нивото на шеќер во крвта и држете го под контрола.

10. Користете антибиотици само кога треба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag