Кој рече дека само жените обожаваат да трошат пари на чанти?
Дрејк, еден од најбогатите рапери во светот и поранешен дечко на познатата пејачка Ријана, ја отвори вратата од својата вила и го откри своето модно хоби.
Уште во 2017 година, Дрејк изјави дека неговата идна сопруга ќе добие изненадување на подарок, а тоа се однесува на колекција на најскапите чанти на Хермес Биркин, објавува Yahoo.com. Дрејк е се уште неженет и чантите чекаат во неговата вила во Торонто, каде пејачот ги поминува овие денови.
Меѓу неговите познати чанти е моделот Himilaya Birkin. Торбата е именувана Хималаја поради нијансите на сиви тонови и е направена од крокодилска кожа.
Најретката Биркин чанта во светот потекнува од оваа колекција, нејзиното име е Niloticus Crocodile Himalaya Birkin 30, а нејзината цена е околу 400.000 долари. Најскапа е чантата изработена од албино крокодилска кожа, како што е чантата на Дрејк. Еден од моделите на Himalaya е украсен со 242 дијаманти и има копче од 18-каратно злато.
Тука е и жолтиот модел, исто така изработен од крокодилска кожа, кој е уште еден познат модел на чанта која годишно ја произведуваат во ограничен број на примероци и затоа цената не паѓа. Цената на овој модел е околу 84,000 долари.
Музичарот Дрејк во својот гардеробер има бројни патики и многу други спортски детали, како и парчиња дијамантски накит, затоа што се држи до стилот и е еден од оние што сакаат накит со престижни детали и луксуз.