Градежните иновации ги воодушевуват луѓето низ целиот свет. Оваа куќа е направена од дрво и се склопува во рок од 24 часа.
Дали некогаш сте слушнале за куќи што се купуваат во продавници и се склопуваат во рок од 24 часа?
Градежните иновации ширум светот секојдневно не воодушевуваат и не тераат да размислиме дали е воопшто можно да се видат овие градби.
Руското архитектонско студио BIO Architects дизајнираше модуларен систем на куќички наречен DublDom, кој е целосно функционален за вселување веднаш по склопувањето.
Овој вид куќа доаѓа со сите потребни приклучоци и инсталации, домашни уреди, мебел и изолација и е изградена целосно од дрво.
Сепак, тоа не им е мана, целосно се изолирани што можат да се справат и со ладните руски зими, а нивниот дизајн и леснотијата на склопување овозможуваат да се вселите во рок од 24 часа.