Британската пејачка со албанско потекло Дуа Липа се побуни на Инстаграм во саботата, поради фактот што „Apple“ на својата апликација „Apple Maps“ покажуваше дека Косово и Метохија се составен дел на Србија.
-“Зошто Косово не е и никогаш нема да биде Србија. Apple, ни требаат одговори. Ставете ги Косово и Палестина на мапата.” – напиша Дуа Липа.
Нејзе и одговори и Јелена Карлеуша која апелираше дека таа треба да ги користи својот профил за ширење љубов, а не омраза.
– “Те молам, користи ги твоите социјални платформи за ширење љубов, мир и музика (и врати се во Косово за да бидеш со твојот народ). Испраќам многу љубов до сите добри луѓе ширум светот.” – рече ЈК. Сепак, Дуа Липа реши да направи нов чекор. Имено, таа објави фотографија од знамето на Голема Албанија кое висеше на дрон за време на натпреварот Србија – Албанија во Белград во 2014 година, по што натпреварот беше прекинат.
Под сликата следеше скандалозниот коментар на пејачката: – Домородни – придавка (жител на место) домородци, а не потомци, мигранти или колонисти – напиша Дуа Липа на англиски јазик.
Секако, коментарот ги налути многу Србите, кои и напишаа дека Косово и Метохија се Србија.
Еве ја и фотографијата што таа ја објави.