Љубовните фрази се важни во секоја врска. Но што ако ги кажете двата збора од кои вашиот партнер ќе се чувствува навистина посебно?
Еве за што се работи:
“Те ценам” се двата магични збора кои треба да ги кажуваме што е можно почесто. Кога станува збор за љубовна врска, мора да најдете зборови со кои ќе му покажете на партнерот колку сте среќни и благословени што го имате.
Зошто изразот “те ценам” е многу посилен од “те сакам”?
1. Изразот “те сакам” често е знак за сомнеж дека некој ве изневерува. Но изразот на благодарност е сигурна емоција, особено затоа што не е толку “потрошен”.
2. Фразата “те сакам” не е повеќе важна како што била порано. Заради честото употребување, оваа реченица ја изгубила смислата и важноста.
3. Фразата “те сакам” често се користи и за манипулација на партнерот. За разлика од фразата “те ценам” која доаѓа од срце.
4. Благодарноста нè прави посилни. Кога се чувствуваме благодарни нашето физичко, ментално и емоционално здравје значајно се подобрува.
Три начини како да кажеме “те ценам”
Погледнете го пратнерот во очи и кажете му “те ценам”.
Кажете: “Те ценам зашто си љубезен, амбициозен, зашто ме сакаш, имаш смисла за хумор” и тн.
Целта е навистина да го чувствувате тоа што го кажувате!