Сахар Табар е во затвор од октомври минатата година.
Жената која имаше низа пластични операции за да личи на оскаровката Анџелина Џоли, беше уапсена кон крајот на минатата година во Техеран за „серија на културолошки злосторства и морална корупција“.
Шест месеци подоцна, Сахар се уште е во затвор, а сега нејзиниот адвокат бара да се пушти на слобода, за да може да оди во болница, бидејќи заболела од корона вирус.
Адвокатот побарал Сахар да биде ослободена, бидејќи е утврдено дека е позитивна на Covid-19, но одговорот од надлежните сеуште се очекува, а причината за тоа е дека „не може да дојде до судијата“.
„Неприфатливо е една млада жена која страда од корона, да биде во овие околности. Нејзиниот притвор дури беше продолжен“.
Сахар Табар на Инстаграм објавува фотографии доработени во фотошоп, за да изгледа како Анџелина Џоли, а нејзините шокантни фотографии повеќе пати го обиколија светот. Иако има направено повеќе операции, фотографиите што предизвикаа најголем интерес се претежно производ на различни програми за обработка на фотографии.