Двојникот на Тоше од Нови Сад го основа ,,Тоше Проески трибјут бенд”

popara9 ноември, 20201min0
dvojnik

26 годишниот Андреј Дориќ од Нови Сад кој се прогласи за двојник на Тоше Проески поради неговиот изглед и физичката сличност со нашата музичка икона, формирал свој трибјут бенд во негова чест.

“Тоше Проески Трибјут бенд” својот прв настап ќе го има на 12-ти ноември во еден новосадски клуб. Како што наведуваат од клубот поради пандемијата е ограничен капацитетот на присутните.

Членови на трибјут бендот се: Андреј, Бојан, Горан, Дуле, Денис и Трба, а се работи за  се искусни музичари од кои дел имале можност и да соработуваат со Тоше.