Џастин Бибер ги отфрли обвинувањата за сексуален напад: Дали доказот кој го има е доволен за да се спаси од оваа сага?

popara24 јуни, 20201min00
justin

Пејачот Џастин Бибер ги негира обвинувањата за сексуален напад врз жена во 2014 година и тврди дека поседува сметкопотврди со кои ќе докаже дека всушност било невозможно тој да престојувал во хотелот во Тексас каде што наводно се случил инцидентот.

„Нема вистина во оваа приказна“, напиша канадската поп-sвезда (26) во долгата серија објавувања на Твитер во неделата. Тој рече дека ќе преземе правни дејствија.

„Секое тврдење за сексуална злоупотреба треба да се сфати многу сериозно и затоа е потребен мојот одговор“, вели Канаѓанецот.

Бибер, кој стекна слава на 13 години, кога стана тинејџерски идол, одговараше на тврдење објвено на Твитер од страна на жена по име Даниеле.

Таа во саботата напиша дека била сексуално нападната од пејачот во хотел во Остин, Тексас, на 9 март 2014 година за време на музички фестивал.

Објавата на Твитер оттогаш е избришана, и Даниеле, која тврди дека во тоа време имала 21 година, а Бибер 20 и дека постирала анонимно, не може да се пронајде за понатамошен коментар.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma