Џенифер Лопез и нејзиниот сопруг Алекс Родригез се заинтересирани да го купат бејзбол клубот Њу Јорк Метс, според пишувањето на Њу Јорк Пост, за 1,65 милијарди долари.
Првиот обид за превземање бил на почетокот на овој месец и пропаднал но како што пишуваат медиумите во САД познатиот пар не се откажува од намерата.
Сегашните сопственици на Метс се Фред и Џеф Вилпон, но наводно тие се заинтересирани за продажба бидејќи се загрижени како ќе влијае пандемијата на финансиите на клубот, а наводно и пред пандемијата клубот неколку години наназад работел со загуба.