Џејми Оливер откри трик кој целосно ќе го промени вкусот на вашата храна а е толку едноставен!

28 август, 2020
2309951_1945241-profimedia0347586711-edit24324_ls

Готвачот Џејми Оливер неодамна откри едноставен и ефикасен трик на Инстаграм кој ќе им даде подобар вкус на повеќето ваши специјалитети! Имено, Британецот објасни како да се направи кромидот поблаг и да се ослободи од неговиот интензитет, што дополнително ќе им даде на јадењата добра мирисна арома, без горчина или непријатни мириси. “Јас секогаш го мијам исецканиот кромид пред да готвам. На тој начин ќе стане помек, а влагата од миењето додава посебна сладост за време на готвењето”, напиша Џејми и тој го примени овој трик додека ги подготвуваше тестенините со туна. Џејми откри дека овој трик го научил од неговата италијанска колешка Нона Росана, и дека тоа навистина дава одлични резултати, а во исто време е толку едноставно!