Почнувајќи од понеделник на програмата на британскиот Channel 4, ќе започне да се емитува сосема ново кулинарско шоу со Џејми Оливер. Неговата цел е да споделува едноставни рецепти со луѓето додека се дома
Познатиот готвач Џејми Оливер, ќе објави нова емисија за готвење на британскиот „Channel 4“ со цел да им помогне на сите луѓе кои се во самоизолација.
Професионалниот готвач ќе биде тука за да им помогне на гледачите за време на неочекувана пандемија и ќе сподели едноставни и достапни рецепти направени од основните состојки што секој треба да ги има во куќата.
Сосема новата емисија ќе започне да се емитува на 23 март, а секоја епизода ќе трае триесет минути. Ќе се емитува во работните денови на програмата наречена „Keep Cooking and Carry On“.
Канал 4 откри дека целта е да се направи се што е во нивна моќ за да им се помогне на жителите на Велика Британија да го поминат ова тешко и многу чудно време.
„Придружете му се на Џејми Оливер во неговата нова емисија каде што ќе ни покаже едноставни рецепти, ќе ни даде совети и генијални трикови додека сме дома во изолација’, објави „Channel 4“.
Бидејќи „целиот свет“ полуде по панично пазарење, многу намирници исчезнаа. Значи, предмети како тестенини, ориз и леб беа како златна прашина, но за среќа, Џејми и за тоа има решение.
На гледачите ќе им бидат понудени наједноставните рецепти и совети за да можат сами да си направат леб и тестенини дома.
Откри дека готвењето дома никогаш не било „поважно“ отколку што е сега.
– Оваа емисија ќе биде полна со лесни и вкусни рецепти во кои може да ужива целото семејство – објави тој на Твитер.