Американската глумица ѝ донираше милион долари на хуманитарната организација Color of Change во знак на солидарност.
Изреволтирана од смртта на Џорџ Флојд, Анистон реши да го направи овој чекор, а на својот Инстаграм профил напиша:
- “Оваа недела беше потресителна, oд многу причини, за сите нас. Мораме да признаеме дека расизмот и бруталноста во нашата земја траат долго – а, тоа НИКОГАШ не може да биде во ред. Како сојузници, кои сакаме еднаквост и мир, наша одговорност е да го кренемe гласот, да бараме правда и повеќе од сè – да шириме љубов! Уште колку време треба да преоѓаме преку тоа? Уште колку време?”