
Актерката Џенифер Анистон на својот Инстаграм профил се пофали со нов член на семејството и не криеше колку е воодушевена од неговото доаѓање. Имено, Анистон посвои симпатично кученце кое го нарече Лорд Честерфилд и веднаш реши да му го покаже на светот. “Би сакала да ве запознаам со нов член на нашето влакнесто семејство. Ова е, многу уморен, лорд Честерфилд”, напиша Анистон на Инстаграм. “Тој веднаш го освои моето срце. Му благодарам на целиот персонал за вдомување што се грижи за овие животни и им помага да најдат постојан дом”, додаде таа. Таа исто така објави видео во кое може да се види кученцето како одмара додека држи коска во устата.