
Џенифер Анистон се прикажува како измамена жена од разводот со Бред Пит во 2005 година, а неодамна магазинот Woman UK објави текст во кој се тврди дека Анистон сè уште се опоравува од ненадејниот крај на бракот со Пит. Ѕвездата на ’Пријатели’ според нив сè уште не може да го прифати фактот дека Пит и раскина поради Анџелина Џоли.
Но, приказната за љубовниот триаголник помеѓу Анистон, Пит и Џоли се чини дека прилично старее. Затоа, за време на разговорот со Венити Фер, Анистон рече дека одбрала да верува во она што Пит и го кажал за нивната врска и секогаш одбивала да верува во она што го кажуваат таблоидите за Пит и Џоли.
Анџелина, пак, постојано ги негираше тврдењата дека го уништила бракот на Џенифер и Бред. Во едно интервју, таа убаво објасни дека никогаш не може да биде интимна со некој маж, додека тој е оженет со друга жена, бидејќи нејзиниот сопствен татко ја изневерил нејзината мајка и видела колку лошо влијаело тоа на неа. Поради таквото искуство, таа никогаш не би можела да биде ‘друга жена’.
Пит исто така ги појасни временските настани за неговата врска со Џоли. Тој рече дека со Џоли го снимале „Господин и госпоѓа Смит“ цела година. Тоа значи дека Пит и Џоли сè уште снимале откако тој и Анистон поднеле барање за развод. Сепак, Пит рече дека тоа не значи дека тој и Џоли имале афера. Всушност, Џоли за Вог изјави дека дури откако завршиле со снимањето решиле да видат каде ќе ги одведат нивните чувства.
Судејќи според сето ова, озборувањата дека Џенифер е сè уште бесна затоа што Бред ја избра Анџелина наместо неа, во никој случај не можат да бидат вистинити. Само што дури и пред да ја запознае Анџелина, Бред бараше начин да излезе од бракот со Џенифер, додека таа се обидуваше да го спаси бракот. Затоа, натписите дека Анистон и Пит отишле заедно на терапија откако актерката се разведе од актерот Џастин Теру во 2017 година, изгледаат уште поапсурдни.
Покрај тоа, според порталот кој се занимава со разоткривање лаги за славните, нема причина Анистон и Пит да одат заедно на терапија затоа што се само пријатели. Впрочем, се чини дека таблоидите се оние кои не можат да ја надминат љубовта на Анистон и Пит, а не Џенифер. Исто така еден таблоид неодамна тврдеше дека Анистон и Пит очекуваат бебе со помош на актерката и блиската пријателка на Бред, Али Шовкат, како сурогат мајка, но дури и тоа беше очигледно уште една обична лага за народот.