Ќе се изненадите за кого станува збор
Љубовниот живот на 51-годишната актерка Џенифер Анистон е интересен за јавноста со години. Од поранешните сопружници Џастин Теру и Бред Пит до оние партнери со кои не ја круниса љубовта со брак – сите тие се уште се поврзани со неа. Иако во последно време многу се зборуваше за обновување на нивната романса со Бред Пит, кој беше многу години со актерката Анџелина Џоли по разводот, се чини дека ова е само желба на јавноста и дека двајцата се добри пријатели.
Џенифер пред неколку години во едно интервју изјави дека не жали за ништо од минатото, осврнувајќи се на бракот со Бред, но се чини дека жали што не заврши со еден познат холивудски актер, иако ја имаше таа шанса. Според американските медиуми, Џен им се пожалила на своите пријатели дека ѝ е жал што не се согласила на романтична вечера со 59-годишниот Џорџ Клуни, кој наводно инсистирал на нивна средба некое време. Иако тој отсекогаш бил многу шармантен за неа и ја привлекувал, во тоа време Клуни ја повикал Џнифер на состанок, таа емоционално не била подготвена за каква било врска со мажи. „Џорџ беше фасциниран од неа и се обидуваше да ја придобие со месеци, но таа не сакаше. Таа неодамна изјави дека ѝ е многу жал што не завршија во кревет“, открил за американските медиуми познаник на актерката.