Дека тие останаа еден од никогаш прежалените парови во Холивуд, чие помирување со години го посакуваа обожавателите ширум светот, им е јасно и на главните актери на оваа љубовна приказна, 51-годишната Џенифер Анистон и пет години постариот, Бред Пит. И покрај тоа што неодамна откри дека секогаш ќе го сака, таблоидот „National Enquirer“ тврди дека сега таа му “фрлила око” на 50-годишниот актер Џерард Батлер.
Оваа приказна доаѓа два месеци откако Џерард направи пауза во врската со партнерката Морган Браун. Со оглед на тоа што тие беа видени повторно овој месец, прашање е што точно ќе каже таа на оваа приказна. „Ако Морган дознае за сето ова, тоа би можело да биде крај на нивната романса“, додаде изворот. Главните актери на оваа нова наводна љубов, сè уште не дадоа никаков коментар.