Актерката Џенифер Анистон која е во карантин во својата вила во Калифорнија, со поглед на Лос Анџелес. Ѕвездата на „Пријатели“ не се жали на мерките за дистанца и ужива во своето омилено домашно друштво.
Секогаш зафатената Џенифер Анистон, која постојано снима нови проекти, овој карантин и дојде како добра принудна пауза. Една од најплатените холивудски актерки си го посвети своето време на себе и на своите омилени миленичиња. Голем љубител е на кучиња, Анистон поседува две крзнени миленичиња, кои ги објави на социјалните мрежи.
Поради оваа фотографија, Џенифер Анистон собра над милион и пол лајкови за само половина час.