Џенифер Лопез и Алекс Родригез викендов беа во обилка на вила со три тераси, во првиот ред на плажата во Малибу, која чини 70 000 американски долари месечно, како дел од потрагата по луксузен летен дом.
Вилата располага со пет бањи и три посебни балкони кои нудат поглед на океанот и затемнети заштитни стакла. Предниот дел на вилата е изграден со цигли во шпански стил. Исто така има и гаража за два автомобили. Дизајнот на вилата е претежно во сина и бела боја, комбинирани со дрвени елементи.
Секој кат од домот има бели удобни столчиња каде резидентите ќе може да се релаксираат и да уживаат во звукот на брановите.
Отворениот простор оплемент со мебел за надворешна употреба кој е опкружен со зеленило и камин, е првото нешто на што наидувате штом влезете на имотот.
На првиот кат е кујната со шанк од цигли и мермер, два шпорети од нерѓосувачки челик и голем број на шкафчиња за складирање. Во склоп на кујната е и малечката маса за појадок.
Веднаш до кујната е трпезаријата, која има капацитет да смести осум луѓе, а над неа има лустер со свеќи.
Едно ниво подолу, сместени се две дневни соби кои имаат прекрасен поглед кон океанот. На вториот кат пак, има две спални соби, кои исто така гледаат кон океанот. Секој кат добива совршена количина на сончева светлина во текот на денот, со што комплетно се избегнува користењето на електрични светилки.
Во домот има и пет бањи, со естетски цигли и камчиња вградени во мијалниците.
Прекрасниот летен дом може да биде идеално прибежиште за холивудскиот пар за полесно справување со неуспешниот свадбен план. Уште во мај пејачката откри дека е „скршена“, откако мораше да ја одложи свадбата поради пандемијата на коронавирус.
„Никој ништо не знае, нема планирање во моментов. Треба само да чекаме и да видиме како ќе се одвива сето ова , што е доста разочарувачко.”
„После Супер Бол и откако завршивме со снимањето на “Светот на танцот”, планирав да одморам, она што и сите го правиме сега, на некој начин. Но, во исто време, имавме многу планови за ова лето, а и оваа година во целост, сега сè е во мирување“.